Ванковска до Османи: Нека им е на здравје вечерата на тие што ќе ја прифатат, јас не припаѓам во тоа друштво

Професорката Билјана Ванковска која е еден од кандидатите за претседател на Македонија пред малку преку својот Фејсбук профил ја прокоментира поканата на Бујар Османи на ифтар вечера за сите претседателски кандидати освен за неа и Стевчо Јакимовски. Во продолжение ја пренесуваме целата нејзина реакција:

-Разбрав дека господинот Бујар Османи, актуелен министер за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, не ме поканил на вечера/ифтар заедно со останатите, каде планира да разговараат за избор на европски претседател.
Мојот одговор, пред малку даден и за Слободен печат, е следниот:
Прво, Османи очигледно прави свои „црни листи“ на подобни и неподобни. За Јакимовски му е јасна поентата (се наоѓа на американска црна листа), но за мене можеби знае нешто што јас не го знам…
Второ, разговор за избор на ЕВРОПСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ не ме интересира бидејќи јас се кадидирам за МАКЕДОНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ. Мојата легитимација ќе ја барам од мојот народ и од никој друг (па таман да е и ЕУ).
Трето, да организираш гоштевање за ифтар во време кога деца умираат од глад во Газа е во најмала рака непристојно и нечовечно. Јас оваа година мислите, мојата емпатија и меѓународна солидарност ги упатувам кон Палестина, и тешко ми е да прифатам пост и ифтари во време на геноцид. Интересно е што Османи ниту еднаш не изрази сочувство или солидарност со Палестинците. Останав јас сама со кефијата околу мене.
Нека им е на здравје вечерата на тие што ќе ја прифатат. Јас не припаѓам во тоа друштво, посочува професорката во својата објава.
Претходна вестПоштар доставувал пратка на две лица, а тие го нападнале
Следна вестВојводата Дејан Димитров – Карпата обезбедил 270 пушки за Илинденското востание, животот го даде за Македонија, народот му испеа песна…