Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани

Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани, припадници на криминалната група од Грчец, кои се недостапни за органите на прогонот. Барањата откако ќе бидат преведени ќе бидат проследени до МНР на натамошно постапување до Обединетите Арапски Емирати, каде нашле засолнише овие лица

Муареми е еде од осомничените од групата Грчец/Дуќанџик во кои се товарат 10 лица.

По еден месец од големата полициска акција за разбивање на криминалната група од Грчец, која како што објави Министерството за внатрешни работи била инволвирана во недозволена трговија со дрога и убиства, на веб страницата на Министерството за внатрешни работи беше објавена меѓународна потерница по водачот на групата, Шеваљ Муареми.

Инаку, МВР поднесе кривична пријава против 16 лица, но по претресите уапсени беа шест лица и уште едно лице во Шпанија.

Другите деветмина од групата, меѓу кои и водачот Муареми, според МВР, подолг период престојувале во странство. На петмина им беше одреден притвор, а уапсениот во Шпанија е таму во екстрадиционен притвор. Оваа група организирала две набавки и транспорти на кокаин од латиноамериканските држави до земјите од Европска унија и Македонија, а има докази за вклученост во убиства и обиди за убиства.

Претходна вестМузеј на тетовски крај: Општината нема инспекциски надлежности за поставувањето бисти на Гоце Стојчевски-Амбарче и Тодор Ципоски-Мерџан
Следна вестПромоција на досега непознатата проза на Ацо Шопов