16-годишна скопјанка со автомобил тешко повредила пешак и избегала

Шестнаесетгодишно девојче од Скопје, возејќи синоќа автомобил во автокампот во Крани, удила во 21-годишна девојка од Битола, која се здобила до тешки телесни повреди.

Девојчето потоа удрило и во две паркирани возила и канделабра, по што избегало од местото.

По превземени мерки, полицијата ја пронашла малолетничката и ја довела во станица, во присуство на родител и претставници на Центарот за социјални работи Ресен.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестОсумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа
Следна вестСо експлозивна направа оштетени неколку дуќани во Скопје