167 санкционирани возачи во Скопје, десетмина поминале на црвено светло

На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои се санкционирани и десет возачи кои минување на затворен сигнал (црвено светло), соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

За возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола и осум санкции за возење под дејство на алкохол.

-Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, пет мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), пет санкции за непрописно престигнување и обиколување…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потенцираат од МВР.

 

Претходна вестПочнаа уписи на УКИМ: Слободни околу 5300 места со пратиципација од 200 и околу 4500 со партиципација од 400 евра
Следна вестБугарската обвинителка бара од македонските колеги уште распити на преживеани и роднини за автобуската несреќа