Почнаа уписи на УКИМ: Слободни околу 5300 места со пратиципација од 200 и околу 4500 со партиципација од 400 евра

Денеска и утре се првите уписни рокови на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на кои се прави рангирањето на кандидатите само по успехот од средното образование.  Според Конкурсот слободни се 10918 места.

Од нив, 5306 места се за редовни студенти во државната квота кои плаќаат годишна партиципација од 200 евра. За редовни студенти кои ќе плаќаат школарина од 400 евра се наменети 4522 места и 1090 места за вонредни студенти.

Вториот рок е на 15 и 16 септември, а последниот е на 28 септември.

Претходна вестДенеска и утре нестабилно со пороен дожд, четврток и петок стабилизација
Следна вест167 санкционирани возачи во Скопје, десетмина поминале на црвено светло