На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
Имало и 22 мерки за возење без возачка дозвола како и 18 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
-Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…, се наведува во информацијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат.