Над 12 милиони евра е штетата по вчерашниот пожар во „Пофикс“

Mатеријалната штета во вчерашниот пожар во просториите на фирмата „Пофикс“ во просториите на поранешниот тетовски Монопол ја надмаинува бројката од 12 милиони евра. Ова денеска го изјави сопственикот на компанијата за телевизијата „Клан Македонија“ кој повторно им се заблагодари на граѓаните и надлежните кои помогнале при гаснење на пожарот.

– Штетата е многу голема, над 12 милиони евра, изјави тој.

На прашањето дали се познати причините за овој пожар, тој рече дека причината за пожарот е водата, поточно дождот кој ден пред да се случи пожарот предизвика поплави во одредени делови на Тетово. Тој рече дека ниту еден работник нема да ја изгуби работата.

Инаку, фирмата „Пофикс“ произведува висококвалитетни материјали за градежништво.

Претходна вест172 сообраќајни прекршоци во Скопје
Следна вестЕУ го забрани увозот на руската нафта со бродови, со цевководи може