Опозициската партија „Левица“ на социјалните медиуми ги објави носителите на листите за парламентарните избори закажани на 8 мај. На нив се и досегашните двајца пратеници.
Во Првата изборна единица носител на листа е претседателот на партијата и актуелен пратеник Димитар Апасиев, во Втората изборна единица е портпаролот на партијата Амар Мециновиќ, во Третата изборна единица актуелниот пратеник Борислав Крмов, во Четвртата изборна единица Сашко Јанчев, советник во Гевгелија, во Петата изборна единица Јована Мојсоска, генерален секретар на партијата, додека во Шестата изборна единица прв на листата за парламентарните избори е Игор Димески, советник во Општина Центар.
Од она што може да се забележи на објавените фотографии на Фејсбук има и еден слоган: „Гласај за да се прашува Македонецот!“.
Инаку, за претседателката трка оваа партија стои позади професорката Билјана Ванковска.