Посетата на претседателот на Република Северна Македонија на нашата земја беше по повод културен настан – не беше ниту државен ниту работен. Поради оваа причина, македонското знаме не беше ставено во грбот на претседателството, бидејќи за вакви посети не е потребно строго почитување на државниот протокол, вели за бугарските медиуми, Димитар Стојанов, поранешен министер и актуелен советник на бугарскиот претседател Румен Радев.
Тој посочи дека средбата меѓу Румен Радев и Гордана Силјановска – Давкова била исклучително конструктивна и со добар тон.
-Договорени се идните државни посети на РСМ и Бугарија, ова го дефинира Стојанов како чекор напред во дијалогот меѓу двете земји.
На прашањето дали посетата на претседателот на РСМ е провокација, Димитар Стојанов за БНТ одговора:
-Не би сакал да зборувам за провокација во овој случај, додека бараме чекор напред во развојот на нашите односи. Не е коректно да се мешаме со знамиња во оваа ситуација. Дали треба да разберам дека ако државник од соседната земја доаѓа да пие кафе во Бугарија, дали да и ставиме знамиња во естаблишментот. Непотребно влошување на ситуацијата, коментира тој.
Сиљановска Давкова во петокот во Софија се сретна со Радев пред да присуствува на изведбата на операта „Набуко“ во изведба на Македонската опера и балет.