260 вакцинирани лица починале во Македонија од Ковид-19 од август до сега

Смртноста од вирусот Ковид-19 е голема во Македонија. За жал трендот на секојдневни големи бројки на починати пациенти продолжува.

-Во период од 6.08 до 21.10.2021 на територија на државата починале 1506 лица со Ковид-19, 1246 пациенти, односно 83% од починатите не биле вакцинирани, а само 260, односно 17% примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, се наведува во извештајот на Министерството за здравство.

Инаку од министерството посочуваат дека за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

-Во период од 6.8 до 21.10.2021 на територија на државата 42.945 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 26% биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминатиов период, 31.692, граѓани, односно 74% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани, соопштива министерството.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76%, додека 24% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Претходна вестНикаде во светот гледачите немаат привилегија на ТВ да изнесуваат свои фрустрации
Следна вестЗа 4 години се копа до центарот на планетата, а не пак да се отвори рудник за јаглен