29 починати и 1.402 нови случаи со ковид, во Скопје речиси 10.000 активни

Дваесет и девет починати и 1.402 новозаразени со коронавирус во изминатите 24 часа во земјава.

Најмногу од починатите, десет се од Скопје (49г, 61г, 2 лица со 62г,63г,68г, 69г,72г,74г,и 76г), 3 од Битола (62г, 64г, 71г), по 2 пациенти од Прилеп (75г и 92г), Гостивар (70г и 74г), Кавадарци (50г и 62г), Штип (72г и 83г), а по еден пациент е пријавен од Струмица (78), Куманово (84г), Кочани (76г), Кичево(74г), Неготино (84г), Ресен (65г), Радовиш(58г) и Демир Хисар(80г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Во последните 24 часа се направени 3.978 тестирања, а регистрирани се 1.402 нови случаи во: Скопје – 603, Битола – 105, Куманово – 84, Велес – 82, Прилеп – 70, Струмица – 52, Охрид – 46, Кавадарци – 40, Штип – 36, Гевгелија – 32, Тетово и Гостивар – по 28, Кочани – 23, Кичево – 21, Струга – 20, Неготино – 16, Ресен – 14, Свети Николе – 13, Радовиш и Виница – по 11, Крива Паланка и Валандово – по 10, Пробиштип – 8, Берово и Македонски Брод – по 7, Демир Капија – 5, Делчево, Кратово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Крушево, Пехчево и Богданци – по 2, Дебар и Дојран – по 1.

Регистрирани се 761 оздравен пациент.

Вкупната бројка на активни случаи изнесува 19. 874, од кои 9.850 се во Скопје.

Претходна вестДо кога ќе се потпираме на донации со вакцини?
Следна вестУтре од 13.30 протест за „Монструм“ – дел од Центар затворен за сообраќај