Утре од 13.30 протест за „Монструм“ – дел од Центар затворен за сообраќај

Утре од 13.30 часот најавен е протест за „Монструм“, кој ќе започне од паркот во Чаир, а ќе продолжи до зградата на Владата.

Поради ова, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај следните улици:

-делови од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, како и бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Гоце Делчев“, дел од ул.„Филип Втори’, дел од булеварите „Илинден“, „ВМРО“ и „Климент Охридски“.

Претходна вест29 починати и 1.402 нови случаи со ковид, во Скопје речиси 10.000 активни
Следна вестЗатвореник од Идризово убедил седум лица дека е директор и им зел пари – сето тоа по телефон