31 процент од новозаразените со вирусот биле целосно вакцинирани

Објавена е најновата анализа околу панцелијата во Македонија. Имено, Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со корона вирус, во период од 6 август заклучно со 25 ноември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 25.11.2021 на територија на државата 58.276 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 31 отсто биле целосно вакцинирани, односно 17.896 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистиката за изминатите месеци, 40.380, граѓани, односно 69 проценти од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.

Од 468 моментално хоспитализирани пациенти, 91 се целосно вакцинирани. Во период од 6.08 до 25.11.2021 на територија на државата починале 1.986 пациенти со Ковид 19, 1.571 пациенти од починатите, односно 79 проценти не биле вакцинирани, а 21 отсто, односно 415 примиле вакцина.

Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинацијата, коментирајќи дека секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна.

Претходна вестДали „Алтернатива“ ќе влезе во Владата за која велеше дека е нелегитимна?
Следна вестАвтобусот на „Беса транс“ возел со лиценца од друго возило