Се повеќе граѓани кои не се придржуваат до мерките за заштита од корна вирусот се санкциоираат од страна на полицијата. По завчерашните санкции кон околу илјада граѓани заради неносење на заштитни маски, полицијата во изминатово деноноќие казнила 1.143 такви прекршители. Казна за вакви вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност.
-На 905 лица им се издадени решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, се наведува во денешното соопштение на МВР.