46-годишна неготинчанка е во кома откако ја претепал партнерот

Во критична состојба е  46 годишната жена од Неготино која вчера била нападната од нејзиниот партнер. Таа ноќеска од Неготино била префрлена во комплекост Клиники „Мајка Тереза“ со повреди на телото и во бесознание. Министерството за внатрешни соопшти дека насилниот партнер бил уапсен.

-На 2 август околу 3.35 часот во Неготино од полициски службеник од Полициски станица Неготино е лишен од слобода П.Н.(51) од Неготино, поради сомнение дека околу 01.30 часот во дом во Неготино, во физичка пресметка со 46-годишна жена од Неготино, со која бил во љубовна врска, ѝ нанел повреди. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од полициска станица Неготино…, наведено е во соопштението на МВР.

Претходна вестКако Ковачевски го замислува заедништвото во Македонија?
Следна вестПотпишан Темелниот договор меѓу Владата на Црна Гора и СПЦ