5 изјави на Ковачевски кои го отсликуваат неговиот мандат

Дојде денот кога Димитар Ковачевски ќе се поздрави со премиерската фотелја и големиот владин кабинет. Каде ќе заседне од утре и не е толку важно за широката македонска јавност. Важно е да се види што тој остави, по што ќе биде запаметен неговиот двегодишен мандат и водењето на извршната власт во Македонија.

Ред е прво да си припомниме што тој многу самоуверено истакна кога ја презема премиерската функција:

-Имаме ретка можност и шанса во период од 2,5 години без изборни потреси да се посветиме на реалните проблеми и животот на граѓаните. Да се посветиме на економијата, на платите и пензиите, на поддршка на компаниите, на енергетскиот развој…, истакна Ковачевски.

И? Ја искористи ли шансата?

Во првите денови од премиерувањето тој вети и друга работа:

-Мора поефикасно да се бориме против криминалот и корупцијата, а и да ја подобриме  ефикасноста на администрацијата и здравството, решителен беше премиерот.

И? Се бореа ли поефикасно против корупцијата и за подобро здравство?

Да се наведуваат други негови ветувања (ги имаше многу) би било предолго за читање. Инаку, неговиот мандат можеби најдобро го отслукува една негова изјава, за која дури и рекламен спот правеше:

-Факт е дека за само пет години, од 2017 година наваму, изградени се патишта во должина од околу 1.300 километри, истакна Ковачевски.

Оваа изјава и тврдење ќе остане како траен белег на неговото владеење и начин на давање отчет кај јавноста. Не дека немаше и други ударни реченици кои историјата ќе ги забележи. Како оваа на пример:

-Ако треба да се издвојат лидери во однос на интегрирањето во ЕУ тогаш Северна Македонија е сигурно на врвот на таа листа, категоричен беше Ковачевски пред 6 месеци.

И околу оваа негова поента легенди ќе се прераскажуваат:

Северна економија навистина ја поставивме да биде земја која се повеќе покажува напредок, истакна самоуверено премиерот промашувајќи го името на државата која ја раководи.

Други негови незаборавни настапи секако се оние со:

-Стани Цаци цела сала да те види…, грмеше претседателот на Владата на митинг повикувајќи ја министерката за одбрана Славјанка Петровска.

-Стани Бочварски сите да те видат дека си одговорен за тоа патот Кичево – Охрид до крајот на 2023 година ќе биде завршен…. во ист стил поентираше премиерот.

Многу вакви работи има да се редат за да се отслика едно владеење. Има и многу последици од тоа владеење што ќе се чуствуваат уште долго време во Македонија.

Што за сето ова мисли народот – ќе дознаеме на изборите кои следат.

 

Претходна вестЛуфтханза го намалува бројот на летовите од Скопје и од другите градови во регионот
Следна вестГолема полициска акција во Грчец, апсења и претреси и во Дуќанџик и во Чаир