Темен режим Режим на светлина

Голема полициска акција во Грчец, апсења и претреси и во Дуќанџик и во Чаир

Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи

Полициски екипи утрово вршат претреси и приведуваат членови на криминална група од скопското село Грчец, јавува МИА, повикувајќи се на свои извори.

Според информациите на државната новинска агенција, станува збор за полициска акција насочена кон членови на криминален клан од Грчец, поврзан со трговија со дрога и убиства.

Претреси, како што јавува и ТВ Канал 5, се прават во Грчец, Дуќанџик и Чаир, како и на други локации.

Според информациите на МИА и на телевизијата, веќе има неколку уапсени лица, а акцијата е сè уште во тек.

Во текот на денот, по завршувањето на акцијата, се очекуваат детали од полицијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

5 изјави на Ковачевски кои го отсликуваат неговиот мандат

Следна објава

Сеќавањата за Тоше Проески не згаснуваат, денеска ќе наполнеше 43 години