Пукал на семејна веселба, куршумот завршил во куќата на 81-годишниот сосед

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер, во 22.25 часот, во тетовска Брвеница го лишиле од слобода 43-годишниот Ј. Ј. од ова село затоа што на семејната веселба околу 21.15 часот било пукано со огнено оружје. При што еден заталкан проектил завршил во куќата на 81-годишниот соселанец С. Т.

Куршумот причинил оштетувања на дел од објектот. Нема повредени лица, извршен е увид, а Ј. Ј. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

Претходна вестСеќавањата за Тоше Проески не згаснуваат, денеска ќе наполнеше 43 години
Следна вестСДСМ има одговорност да гласа за техничката влада, турбленциите пред изборите никому не му се потребни