Ана Павловска-Данева е нов предлог за уставен судија наместо Јовески

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје Ана Павловска-Данева, е новиот предлог на СДСМ за уставен судија. Предлогот за нејзин избор е на дневен ред на денешната седница на Комисијата за избори и именувања. Павловска-Данева е и поранешна пратеничка на СДСМ.

Вчера во Собранието беше повлечен предлогот Љубомир Јовески – доскорешниот државен јавен обвинител кој во декември лани замина во пензија – да биде предложен за уставен судија. Тој во изјава за МИА рече дека е изненаден од повлекувањето на предлогот без да се наведат основните причини за тоа, како и дека е изненаден што претседателката на надлежната собраниска комисија само соопштила дека предлогот е повлечен без да каже повеќе детали.

-Изненадувачки, вулгарно беше тоа дека предлогот е повлечен без да се наведат основни причини за тоа. Пристојно е да се дадат два-три збора. Нанесена ми е штета. Ако не сметале дека може процесот да го водат до крај, не требало да ме предлагаат бидејќи бев изложен на непотребни напади, изјави поранешниот државен јавен обвинител Јовески.

Претходна вестСДСМ има одговорност да гласа за техничката влада, турбленциите пред изборите никому не му се потребни
Следна вестИзречена пресуда за случајот „Ласкарци“: Вкупно 39 години затвор за обвинетите, најголема 14-годишна затворска казна за возачот