Вардар поразен од Келце

Вардар 1961 го запиша вториот пораз оваа сезона, на домашен терен беше поразен од Келце со 29-33 (13-16) во својот четврти меч во Лигата на шампионите оваа сезона. Ова беше дуел во кој „црвено-црните“ одиграа променливо, со подеми и падови, за жал не ги користеја шансите, што пак е недозволиво против еден тим како што е полскиот состав.

Ловро Јотиќ со шест гола од девет обиди беше прв стрелец, зад него беа Иван Чупиќ и Тимур Дибиров со пет погодоци. На другата страна Алекс Душебаев имаше десет гола.

Видовме фуриозни седум минути на Вардар 1961 на стартот на мечот за водство од 5-1 против лидерот во групата. Ракометарите на македонскиот клуб добро функционираа до 15. минута, но потоа влегоа во серија на грешки, а нападот целосно застана.

Келце направи две серии, една од 4-0 за израмнување 7-7 кон средината на првиот дел, а потоа со 6-2 поведе со највисоки 12-16. Стојанче Стоилов со погодок во пред крајот на првото полувреме намали 13-16. Во овој дел се разбрани и Вол, кој имаше десет интервенции.

По одморот, момците на Алушовски се врати во мечот, добрата одбрана и уште подобрата реализиација им донесе серија од 5-1 серија и водство од 22-21 во 43. минута. Пет минути подоцна, Вардар 1961 не успеа да ја искористи предноста од два играчи повеќе, промаши три зицери, а на спротивната страна стигна казната, Келце поведе со 24-29 во 54. минута.

„Црвено-црните“ не се вратија, на крајот вториот пораз сезонава беше неизбежен. Ќе имаат шанса да му се реваншираат на Келце за седум дена и секако да влезат далеку постабилни константни.

Претходна вестРегистрирани 1198 новозаразени со Ковид-19, починале 26 луѓе
Следна вестНова инфраструктура на Водно: Ама да не остане вечна најава како Законот за планината?