Физичка пресметка меѓу двајца граѓани се случила вчера во скопската општина Аеродром, информира полицијата.
МВР соопшти дека на 27.03.2024 во 18.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија за паркинг, настанала физичка пресметка помеѓу И.С.(31) и М.Љ.(60), двајцата од Скопје.
-При ова М.Љ. употребил и метален предмет, наведе полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.