60 минути дневно за помлади од 18 години, Тик Ток со голема промена

Социјалната мрежа „Тик Ток“, воведува голема промена. Помлади од 18 години набргу ќе имаат одредено време колку ќе може да бидат на оваа социјална мрежа. Апликацијата, која е најпопуларна меѓу младите, во наредните недели ќе постави ограничување од 60 минути дневно за корисници на возраст под 18 години.

Ако малолетниците го надминат овој временски лимит, ќе мора да внесат лозинка за да продолжат да ја користат услугата тој ден. Сепак, тие ќе имаат опција да ја исклучат оваа функција. Од „Тик-ток“ соопштија дека ја воведуваат промената за да им помогне на луѓето да следат колку часови дневно поминуваат пред екран.

Тие објаснија дека новото ограничување доаѓа откако минатата година беше воведено барање за да се охрабрат тинејџерите самите да го контролираат своето време пред екранот.

Корисниците на платформата мора да имаат најмалку 13 години, а како дел од новата функција е секој помлад од 18 да добива неделно известување со преглед на времето поминато пред екранот.

Претходна вестКубик вода во Скопје може да чини од 31,5 до 34,8 денари, ќе реши Градскиот Совет
Следна вестСрпската амбасадорка изјави жалење по острите реакции на МНР за навредите од „Гробарите“