62-годишен скопјанец направил сушара за канабис во домот во Влае

Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик донело Основното јавно обвинителство Скопје.

-Осомничениот 62-годишник, во својот дом на ул. „Влае”, засадил три саксии со растение канабис и ги одгледувал. Во еден од тоалетите во домот направил импровизирана сушара во која сушел 27 гранки со лисја и врвни делови од канабис. При претресот извршен на 3 ноември, полицијата кај него пронашла и 303 грама марихуана во неколку тегли, кутии и други пакувања кои ги чувал во домот, се наведува во соопштението.

Претходна вестПоради одрон затворен патот од Куманово до Кратово и Крива Паланка
Следна вестПронајдени бесправно исечени огревни дрва во ресенско, приведено едно лице