70 годишен маж се обидел полово да нападне 10 годишно девојче во Скопје

Обвинение против едно лице на возраст од 70 години, кое се товари за кривично дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години поднело Основно јавно обвинителство – Скопје.

-Обвинетиот, на 7 октомври, на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, се обидел да изврши полово дејствие врз 10-годишно девојче. Во тој момент бил забележан од друго лице, кое го турнало обвинетиот на земја, па тој веднаш избегал од местото, се наведува во соопштението на Обвинителството.

По настанот, лицето извесен период не беше достапно на органите на прогонот, но на 29 октомври бил лишен од слобода и започнал да ја издржува определената мерка притвор од судијата на претходна постапка.

Претходна вестБожем граѓани, ама 49 скопјани си поминале улица каде посакале
Следна вестПановски до Министерството: Итно објавете протоколи за Ковид 19, лекари препишуваат многу антибиотици што и атлети не би издржале