Божем граѓани, ама 49 скопјани си поминале улица каде посакале

Вкупно 49 пешаци вчера биле казнети од страна на полицијата на скопското подрачје бидејќи поминувале улици на недозволен начин. Тоа е показател дека многу скопјани не можат да се навикнат да поминуваат улица на пешачки премин или пак да чекаат да се запали зелено на семафорите. Навиките ќе им дојдат со казни, но полицијата треба да е понастојчива.

Инаку, во информација за вчерашните контроли МВР наведе дека само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 396 мерки.

-Меѓу изречените мерки 46 се за возење без возачка дозвола, 27 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 20 мерки за недавање првенство на пешаци. Изречени се 14 санкции за користење на мобилен телефон, за непрописно паркирање 87 мерки, а изречени се 54 мерки за неносење на  заштитна маска, информира полицијата.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведува МВР.

Претходна вестСтудено и магловито утро, потоа сончево со мала облачност
Следна вест70 годишен маж се обидел полово да нападне 10 годишно девојче во Скопје