Студено и магловито утро, потоа сончево со мала облачност

На скопското подрачје утрото е студено и магливо, а преку денот ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Утринската температура се спушти до минус 4, а дневната ќе достигне до 9 Целзиусови степени.

Во останати краишта од Македонија во утринските часови студено, а во некои котлини со појава на магла, но во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер.

Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. Понекаде во котлините наутро ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. За време на викендот ќе настапи промена на времето.

Претходна вестЌе го победува ли ВМРО – ДПМНЕ Шилегов само со објави на фејсбук и 2 – 3 соопштенија
Следна вестБожем граѓани, ама 49 скопјани си поминале улица каде посакале