Темно Режим Светло Режим

77-годишен пешак загина во сообраќајна несреќа во Автокоманда

Ударот на автомобилот „Oпел астра“ вчера бил фатален за 77-годишниот А. Б. Од Скопје кој загина во сообраќајна несреќа во скопска населба Автокоманда. Полицијата соопшти дека несреќата се случила вчера во 14.20 часот на булеварот Александар Македонски“. Со возилото управувало лицето Т.З.(48) од Скопје.

Пешакот починал на местото на настанот, а смрт констатирала екипа од итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје, соопшти МВР.

Со соопштението не е наведено како дошло до несреќата.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Полицијата видела 440 лица без маски на јавни места

Следниот Пост

ВМРО-ДПМНЕ: Заради политички потреби на Заев, Филипче го занемарува високиот број починати и заразени