Американски и грчки авиони со прелет над Македонија ни посакаа добредојде во НАТО

Воени авиони на НАТО го надлетаа Скопје. Имено, два авиона бомбардери на американското воено воздухопловство придружувани од четири воени авиона од Грција, извршија еден вид на параден прелет над територијата на Република Македонија.

Ова беше направено во чест на нашето членство во НАТО. Авионите, два бомбардери Б-1 и четири ловци Ф-16 летаат долж реката Вардар, а во Скопје дојдоа од правец на скопскиот аеродром.

Американските авиони  бомбардери полетаа вчера од сојузната држава Јужна Дакота и по 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух пристигнаа во Македонија.

Да потсетиме, членството на Македонија во НАТО започна со широка поддршка од страна на сојузничките земји откако претходно државата си го промени уставното име. Како нова членка на НАТО, нашата држава е опфатена и со програмата за воздушно патролирање која е ексклузивна само за членките на Алијансата и чија цел е заштита на небото на државите од НАТО.

Претходна вестФридман: Македонците треба да бидат цврсти пред нападите од Бугарија
Следна вестОбвинителството бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на Кожна клиника