85 новозаболени од Ковид – 19, 48 оздравени

Во изминатово деноноќие направени се 1.334 тестови, а регистрирани се 85 нови случаи на Ковид-19, информира денеска Министертсвото за здравство. Од нив во Скопје се 60, Битола – 7, Охрид – 4, Неготино – 3, Тетово, Кавадарци и Кочани – по 2, Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 1. Од вкупниот број на позитивни (85), регистрирани се 19 реинфекции.

Регистрирани се 48 оздравени пациенти од: Скопје – 34, Битола – 9, Ресен – 2, Охрид, Куманово и Прилеп – по 1. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.936, бројот на оздравени пациенти е 302.061, на починати е 9.303, а бројот на активни случаи изнесува 572.

Претходна вестСкопјанка добила тешки повреди откако паднала во автобус
Следна вестПратениците едногласно ги поддржаа законските измени со кои ќе им се исплатат субвенциите на 20.000 домаќинства