Скопјанка добила тешки повреди откако паднала во автобус

Една жена вчера е тешко повредена по падот во автобус на ЈСП „Скопје“, соопшти полицијата.

МВР наведе дека на 30.05.2022 околу 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека несреќата се случила на бул.„Крсте Мисирков“.

– С.М.(53) од Скопје паднала во автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Т.(29) од Скопје, во кој се превезувала. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје, се наведува во соопштението.