85 новозаболени од Ковид – 19, 48 оздравени

Во изминатово деноноќие направени се 1.334 тестови, а регистрирани се 85 нови случаи на Ковид-19, информира денеска Министертсвото за здравство. Од нив во Скопје се 60, Битола – 7, Охрид – 4, Неготино – 3, Тетово, Кавадарци и Кочани – по 2, Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 1. Од вкупниот број на позитивни (85), регистрирани се 19 реинфекции.

Регистрирани се 48 оздравени пациенти од: Скопје – 34, Битола – 9, Ресен – 2, Охрид, Куманово и Прилеп – по 1. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.936, бројот на оздравени пациенти е 302.061, на починати е 9.303, а бројот на активни случаи изнесува 572.