Случај „Талир 2“: Обвинителството бара да се конфискува седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Обвинител ги кажа свпите завршни зборови за предметот „Талир2“. Имено, затворски казни побара обвинителот Љубомир Лапе за обвинетите Никола Груевски кој беше претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Кирил Божиновски кој беше генерален секретар на партијата, а за предметот „Талир 2“ кој е за изградбата на седиштето на партијата.

Тој кажа дека обвинетите партијата ја третирале како трговско друштво. Лапе тврди дека докажал дека ДГ Бетон го изградиле објектот за да добиваат приходи од јавни набавки односно пари од државата, а на ВМРО-ДПМНЕ целта им била да ги избегнат законските ограничувања за финансирање на политичките партии, а не да изградат деловен објект. Лапе од судот побара конфискација на целиот имот и осудителни пресуди.

-Предлагам истите да бидат прогласени за виновни и да им биде изречена санкција. За обвинетиот Никола Груевски преовладуваат отежителните околности, тој бил свесен за противправните дејствија, а за да избегне одговорност се даде во бегство, кажа Лапе, пренесува Макфакс.

Обвинителот посочи дека кај Кирил Божиновски нема олеснителни околности за да му се одреди поблага казна од затворска. Тоа значи дека според Лапе, ако Божиновски биде огласен за виновен, тој не треба да добие условна казна.

-Имотот на ВМРО-ДПМНЕ предлагам на судот да го одзеде недвижниот имот, односно деловниот објект детално опишан во имотниот лист. Во однос на привремената мерка за обезбедување односно земјиштето под објектот, предлагам на судот истата да ја стави вон сила, бидејќи во текот на главната расправа произлезе дека тоа не е дел од кривичното дело. Обвинителството докажа дека обвинетите со кривичното дело оствариле корист од 132.573.852 илјади денари, неспорно се докажа дека паричните средства биле искористени за плаќање на недвижен имот и купување на недвижните имоти, рече Лапе.

Според обвинителот, треба да се конфискуваат и партиски седишта во повеќе градови. Обвинителот кажа дека корупцијата во овој случај е присутна и кај ВМРО-ДПМНЕ и кај ДГ Бетон.

 

Претходна вестЃоргиев: Историјата мора да остане надвор од политичкиот процес меѓу Македонија и Бугарија
Следна вестСончево и топло, попладне изолирана појава на пороен дожд и грмежи