Како Владата помага на населението да се справи со ценовните удари?

Граѓаните денеска со страв ќе влегуваат во продавниците. Стравот е од тоа какви зголемени цени ќе ги дочекаат на рафтовите. Уште поголем е стравот дали во своите паричници ќе имаат доволно пари за да ги платат основните продукти.

Бранот на поскапувањата се случува откако денеска престанаа да важат антикризните мерки кои во изминативе три месеци ги воведе Владата. Со нив од пет на нула проценти се намали ДДВ за основните животни намирници – лебот, брашното, млекото, маслото, оризот, јајцата… а од 18 на 10 проценти кај горивата. Тоа сега заврши. И не само тоа, заврши и важењето на ограничените маржи кои ги наплатуваат трговците на производите.

Кој во оваа ситуација не е исплашен, односно релативно спокојно реагира?

Одговорот на ова прашање може да се нагаѓа, но на следново треба да се знае – зошто Владата не ги продолжи мерките?

Сериозноста на ситуацијата бараше надлежните органи барем посоодветно да им објаснат на граѓаните што може да очекува во иднина. Ќе има нови мерки или…? Вчера имаше и владина седница, расправаа ли за состојбата што ќе настане од денеска?

Сите покачувања на цените ли се поради војната во Украина и реметењето на светскиот пазар или има причини и во лошата поставеност на економијата, земјоделството, енергетиката… во Македонија? За нерационалното трошење на државниот буџет бараат ли навистина лек?

 

 

Претходна вестБрачен пар загина во сообраќајка кај штипската населба Македонка
Следна вестДвајца матичари не „препознале“ лажни документи – Јорданец добил македонско државјанство