Двајца матичари не „препознале“ лажни документи – Јорданец добил македонско државјанство

Откриено незаконско доделување на македонско државјанство на странец. Имено, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Н.А.(28) од Јордан, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поднесување лажни докази“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против Е.Ј.(50) и И.Ј.(39), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Првопријавениот, државјанин на Јордан, во текот на јуни 2019 година во Управата за водење на матични книги – Подрачно одделение Скопје поднел лажни податоци дека е син на македонска државјанка, со што успеал да се стекне со извод од матична книга на родените, матичен број, македонско државјанство и биометриска патна исправа.

Второ и третопријавениот, службени лица – матичари, по приемот на барањето од Н.А. постапиле спротивно на чл.21 од Законот на матична евиденција. Е.Ј. без да изврши проверка на поднесените податоци и да направи дополнителни проверки, до МВР поднела барање за проверка на државјанскиот статус на мајката, а по повратно добиениот одговор дека предметното лице е македонски државјанин проследила барање до Одделението за управни работи Скопје за определување матичен број.

Додека И.Ј. преку својата шифра го завел првопријавениот во матичната книга на родени, ги внел податоците во електронскиот систем на Управата за водење матични книги со што овозможил издавање на лични документи.

Претходна вестКако Владата помага на населението да се справи со ценовните удари?
Следна вестНе застанал на знак на полицијата, па фрлал од возилото торби полни со марихуана