Скопјанец со „Голф“ сакал да гази полицајци

Скопјанец е уапсен откако со својот автомобил се обидел да прегази полицајци, соопшти МВР.

-На 31.05.2022 во 18.20 часот на подрачјето на Бит-пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(51) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и се обидел со патничко возило „фолксваген голф” да удри во еден од нив, соопшти полицијата.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестГоривата повторно поскапуваат, ЕУРОСУПЕР БС – 98 стаса до 109 денари
Следна вестСончево и топло, попладне локален пороен дожд