Убаво: Општина Бутел додели 60 стипендии за најуспешните основци

Општина Бутел за првпат од своето постоење додели парични стипендии за најуспешните ученици од општинските основни училишта.

На пригодна свеченост на најдобрите ученици им беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари и 10.000 денари.

– На 11 првенци на генерација во три наставни јазици македонски, албански и турски им беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари. На основците од 8, 7, 6 и 5 одделение во трите наставни јазици им беа доделени парични ваучери во вредност од 10.000 денари, информира градоначалникот Дарко Костовски.

Тој додаде дека должноста на општината е да се грижи за најдобрите ученици и да вложува во образованието.

Претходна вестКризата бара одговор: Ковачевски пак да размисли за опозицискиот предлог за заеднички работни групи
Следна вестСе редат протести, матичарите го блокираа центарот, на УКИМ професорите побараа поголеми плати