ВМРО-ДПМНЕ: МО со народни пари го платило 9.384 евра Темелко Ристески, за партиска агитација и пишани 10 текста на фејсбук

Министерството за одбрана исплатило 9.384 евра на професорот Темелко Ристески за десет фејсбук статуси, два текста и телефонски разговори за агитација за парламентарните избори во 2020 година за коалицијата „Можеме“, обвини денеска опозициска ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се потенцира дека власта предводена од СДСМ испумпувала државни пари за партиски цели.

-Во извештајот кој го поднел и потпишал Темелко Ристески до МО за она што сработил јасно стои дека една од обврските е вршење на партиска активност за потребите на СДСМ, агитација и напад кон политичкиот противник, и за тоа наплатил вкупно 9.384 евра. Забеганоста нема крај, додека медиумите пишуваат дека војниците јадат небезбедна храна, немаат соодветна опрема и хумани услови за работа, се испумпувале не партиски, не донации, туку чисти буџетски народни пари преку Министерството за одбрана за потребите на СДСМ и коалицијата „Можеме“, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека премиерот Димитар Ковачевски и министерката Славјанка Петровска мора да понесат одговорност и да одговорат уште колку вакви лица биле ангажирани во државните институции за вршење на партиски активности на СДСМ и коалицијата „Можеме“?

-До кога владата на СДСМ со народни пари ќе плаќа партиски послушници? Државната комисија за спречување на корупција наместо да глуми нем посматрач, веднаш без одлагање да реагира, да покрена постапка и целосно да го расветли случајот, а Телемко Ристески да ги врати парите назад. Дополнително ДКСК да испита и во кои други институции е вршена ваква исплата на буџетски пари? За овој скандал покрај политичка одговорност за сите инволвирани, мора да има кривична одговорност, се наведува во обраќањето.

Претходна вестНово пукање во САД: Влегол во болница, убил три лица, а потоа и себеси
Следна вестГлеј дома да има леб и млеко, но и по некој Диазепам