Ново пукање во САД: Влегол во болница, убил три лица, а потоа и себеси

Најмалку три лица се убиени вчера во престрелка во болница во Тулса, во американска држава Оклахома соопшти тамошната полиција, додавајќи дека напаѓачот е мртов. -Можеме да потврдиме дека четири лица се мртви, вклучувајќи го и напаѓачот, во престрелката во болницата Свети Франциско, објави локалната полиција на Твитер.

Таа претходно извести дека „во текот на попладневните часови“ интервенирала откако „маж со пушка“ влегол во болницата.

-Полицијата во моментов ги проверува сите простории во зградата за да се елиминира евентуална закана, се вели во соопштението, во кое се додава дека „неколку лица се повредени“.

Градскиот советник Џејм Фаулер за локалната телевизија изјави дека напаѓачот се самоуби и дека тројца невини минувачи ги загубија животите.

Американскиот претседател Џо Бајден е известен за пукањето, соопшти Белата куќа, додавајќи дека внимателно ја следат ситуацијата и им ја понудила сета потребна помош на локалните власти.

Престрелката доаѓа нешто повеќе од една недела по масакрот во училиштето во Увалде, Тексас, каде што 18-годишник уби 19 деца и двајца учители. Масовните пукотници на јавни места се зло што американските власти досега не успеаја да го спречат.

Претходна вестСе слави Спасовден, празник на Христовото вознесение
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: МО со народни пари го платило 9.384 евра Темелко Ристески, за партиска агитација и пишани 10 текста на фејсбук