Темен режим Режим на светлина

Малолетник тешко повреден откако во него удрил автомобил

Малолетен пешак е тешко повреден во сообраќајна незгода што се случила вчера во Скопје, информира полицијата.

-На 01.06.2022 околу 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Скупи“, патничко возило „шкода фабиа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(30)  удрило во малолетен пешак, двајцата од Скопје, велат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.  Увид извршила екипа од СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Левица предлага нов закон на избор на уставни судии

Следна објава

75 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице