Ментално болна девојка била продадена за секс од мајка и и сестра и

Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица е изадена од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во случајот во кој девојка со посебни потреби четири месеци е продавана за секс од мајка ѝ и сестра ѝ. Четворица од нив, заедно, извршиле повеќекратно кривично дело трговија а останатите двајца се товарат дека индивидуално го извршиле го истото кривично дело.

-Во временскиот период од декември 2021 до април 2022, трето и четврто осомничените – мајка и сестра на посебно чувствителната жртва, ја врбувале девојката злоупотребувајќи ја својата положба како најблиски роднини на жртвата врз која имаат контрола, како и нејзината ментална неспособност. Потоа ја предавале на прво и второ осомничените кои ја прифаќале и засолнувале во нивните домови заради сексуална експлоатација со нив и со други НН лица, за што на осомничените мајка и сестра на жртвата им давале надомест во пари или друга корист, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Жртвата е пронајдена од страна на полициските службеници од МВР во домот на шестоосомничениот кој ја прифатил со цел сексуално и трудово да ја искористува за надомест од 5.000 денари.

Обвинителството му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да им биде определена мерка притвор на сите осомничени.

Претходна вестТалат Џафери не мирува, по Берлин и од Атина прати силни пораки
Следна вестИ денеска нови цени: Дизелот стаса до 99,5 денари