Алармантно: Повторно загина пешак на улица

Непочитувањето на сообраќаните прописи одново зема жртва на македонските патишта. Педесетгодишен жител на Желино го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во ова тетовско село околу 20 часот и 30 минути.

-Во СВР Тетово во 20 часот и 30 минути било пријавено дека на локален пат во Желино патничко моторно возило удрило и усмртило 50-годишник кој бил пешак.  По пријавената несреќа во полицијата била повикана и екипа од итна медицинска помош од каде е констатирана смрт кај 50 годишникот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По несреќата е започнат увид од обвинител од тетовското Јавно обвинителство и стручна екипа од СВР Тетово. Тетовската полиција најави уште детали за сообраќајката во текот на денот.

Ова е само нова сообраќајна трагедија во која жртва повторно е пешак, За жал тие зачестија во овој период. Неодамна, удар и прегазување од патничкото возило биле фатални за жител на Струга во сообраќајна несреќа. Полицијата соопшти дека сообраќајката се случила на регионален пат во Враништа, возач на 18-годишната возраст кој управувал „Фолксваген пасат“ прегазил 54-годишен маж од Струга.

По ова, автомобил „Ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ј.(58) од с. Сарај, удрил во пешакот С.Р.(65) од с. Грчец, општина Сарај. На местото на несреќата починал С.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Во сообраќајна незгода што се случила на крстосница од булевар „Крушевска Република” со булевар „Кочо Рацин“, камион „Форд” управуван од З.Е.(55) од Скопје, удрил во Е.М. (34) од Скопје. Во несреќата со тешки повреди се здобил Е.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил и малолетник во кого удрило патничко моторно возило „Опел зафира“ во скопското село Кондово, управувано од М.Ф.(52) од село Радуша…

Сето ова се само нови примери кои се надоврзуваат на не така одамнешните трагедии кои се случуваа на пешачки премини во Скопје. Состојбата со безбедноста на пешаците, очигледно, станува алармантна. Време е надлежните да тргнат во посериозна акција бидејќи досегашните мерки како да не даваат доволно резултати.

Секако повнимателни мора да се и возачите и пешаците,

Претходна вестНови пукања во САД: Маж уби две жени на паркинг пред црква во Ајова, две лица ранети на гробишта во Висконсин
Следна вестВодостојот на Преспанското езеро тргна надолу, следи ли ново исушување?