Тешко повреден малолетен пешак

Тешко е повреден малолетен пешак во сообраќајна незгода што се случила вчера на регионалниот пат Липково-Арачиново.

МВР соопшти дека на 02.06.2022 околу 14.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Липково – Арачиново, во с.Матејче, општина Липково, патничко возило „форд фиеста“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(24) од с. Виштица, општина Липково, удрило во малолетен пешак од с. Матејче.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, се наведува во информацијата.

Претходна вестМВР лани напишало околу 140 илјади казни, најмногу за сообраќајни прекршоци
Следна вестОпштина Гази Баба ќе доделува по 3.000 денари за секое прваче