МВР лани напишало околу 140 илјади казни, најмногу за сообраќајни прекршоци

Вкупно 139.806 казни за најразлични сторени прекршоци напишале лани полициските службеници, покажува Годинешниот извештај на МВР за минатата година. Најголем број од казнетите граѓани се за сторени сообраќајни прекршоци, а помал број се за непочитување на Уредбата за носење лична заштита и за спречување на ширење на Ковид-19.

-Во 2020 година, биле напишани само 77.535 казни, што претставува зголемување за 80 отсто во однос на претходната година, се наведува во извештајот.

Во отчетот МВР наведува и тоа дека лани е забалежано намалувањето на криминалитетот, при што бројот на регистрирани кривични дела е намален за 9,2 отсто во споредба со 2020 година.

-Се намалил економскиот криминал, а за 4,2 отсто дури се намалил и класичниот криминал. Бројот на овие кривични дела е на најниско ниво во последните 16 години. Минатата година евидентирани се 23.058 кривични дела, а биле пријавени 17.302 сторители од кои 31 се фирми и компании, а 1.232 сторители се деца. Забележано е намалување на кривични дела извршени од деца за цели 14,7 отсто во однос на преклани, информира МВР,

Според местото на извршување, најголем број на кривичните дела се извршени во Скопје, Битола, Штип и Тетово.

Во 2021 година откриени се 157 кривични дела што е повеќе отколку во 2020 година кога биле откриени 97.

Претходна вестБитиќи: Одредени компании манипулираат со цените
Следна вестТешко повреден малолетен пешак