Темен режим Режим на светлина

 Бензините пак поскапуваат: Еуросупер БС 98 од полноќ чини 111,5 денари

Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

Цената на бензинот од ноќеска на полноќ се зголемува за 2 и 2,5 денари за литар, а на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 109 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 111,5 додека пак цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе се продава за 99,5 денари.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така се зголемува за 3 денари, односно ќе се продава за 98,5 денари за литар.

Исто така, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста и таа изнесува 54,6 денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Несреќа во Германија: Најмалку тројца загинати во излетувањето на возот од шините

Следна објава
УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Сончево време со температури до 37 степени