Општина Гази Баба ќе доделува по 3.000 денари за секое прваче

По 3.000 денари ќе им бидат исплатени на семејствата кои во претстојната учебна година ќе имаат првооддленче од страна на Општина Гази Баба. Градоначалникот Бобан Стфековски денеска информира дека ги потпишал првите решенија за исплата на овие средства.

-Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба оваа година, информираше преку Фејсбук објава Стефковски.

Тој ги повикува сите семејства од територија на општина Гази Баба кои имаат првоодделенче да дојдат во просториите на општината и да поднесат барање за исплата. Потребни документи се потврда од основно училиште, Извод од матична книга на родени, копија од лична карта на еден од родителите и копија од трансакциска сметка.

Претходна вестТешко повреден малолетен пешак
Следна вестССМ најави генерален штрајк од 22 јуни