Регистрирани 72 нови случаи на Ковид-19, двајца починати

Во изминатово деноноќие направени се 1.124 тестови, а регистрирани се 72 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 53, Битола – 8, Тетово, Охрид и Берово – по 2, Куманово, Прилеп, Штип, Кочани и Гевгелија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (72), регистрирани се 20 реинфекции.

-Регистрирани се 54 оздравени пациенти од: Скопје – 34, Штип – 5, Охрид – 4, Битола и Берово – по 3, Куманово, Кавадарци, Гостивар, Струмица и Неготино – по 1.

-Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани две починати лица од: Охрид (82г) и Велес (74г). Едно лице е починато во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 24.05 до 28.05.2022 година, се наведува во соопштението

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.157, бројот на оздравени пациенти е 302.344, на починати е 9.309, а бројот на активни случаи изнесува 504.

 

Претходна вестССМ најави генерален штрајк од 22 јуни
Следна вестНесреќа во Германија: Најмалку тројца загинати во излетувањето на возот од шините