207 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 за брзо возење

На територија на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, информира денеска МВР за вчерашните контроли на скопското подрачје.

Имало и 20 мерки за возење без возачка дозвола и 26 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се 16 мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за прекршоци што ги прават пешаците, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 10 санкции за непочитување на првенство на минување, девет мерки за некористење на сигурен појас, пет санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз…, соопшти полицијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Претходна вестСончево и топло, попладне локален пороен дожд
Следна вестСе слави Спасовден, празник на Христовото вознесение