Зеленски подготвен за средба со Путин, Кремљ смета дека нема основа за тоа

Воените дејствија во Украина продолжуваат. Денеска се очекува нова рунда на украинско – руски преговори.

Подготвеност за среба со рускиот лидер Владимир Путин искажа вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Мислам дека ова е време за моја средба со рускиот претседател. Без тоа, нема целосно да разбереме што се подготвени да направат за да ја запрат војната. Тоа се многу сериозни работи, изјави украинскиот лидер.

Тој рече дека резултатите од разговорите ќе треба да бидат потврдени преку референдум на украинските граѓани.

– Кога зборувате за сите овие промени, тие можат да бидат историски. Народот ќе мора да одговори на одредени формати на компромис, рече украинскиот претседател.

Меѓутоа, од Кремљ соопштија дека средбата сега не е можна.

-Русија прави напори да ги забрза преговорите. Нема основа за можна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски. Државите кои имаат влијание врз Киев треба да го искористат тоа влијание за да ја направат Украина поконструктивна во мировните преговори, изјави Димитри Песков, портпарол на Кремљ.

Според советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак, „работните групи од двете страни работат интензивно“, но предвидува и оти разговорите за ставање крај на војната ќе продолжат уште неколку недели.

-Денеска се очекува повторна средба на делегациите на Украина и Русија на нова рунда преговори, а дискусиите ќе се водат преку видеоврска, јави ДПА.

На теренот и натаму продолжија пресметките меѓу руските и украинските воени сили. Руската војска ракетира цели во Киев и опколениот Мариупол. 

 

Претходна вестРеферендумот е луксуз што власта не сака да си го дозволи
Следна вестСмртноста двојно намалена, минимален пораст на новозаразени од Ковид-19