Смртноста двојно намалена, минимален пораст на новозаразени од Ковид-19

Намалување од 55,9 отсто на бројот на смртни случаи и раст од 0.9 отсто на новозаразени со ковид-19 бележи неделната статистика на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од 14 до 20 март, споредено со претходната седмица.

-Регистрирани се 1.834 нови позитивни случаи, а во пораст се и реинфекциите. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 1.076. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години – 451. Најмал број е регистриран кај возрасната група до девет години – 62, се наведува во информацијата

ИЈЗ наведува дека се пријавени 15 смртни случаи во 9 градови, за 55,9 отсто помалку во однос на претходната недела (н=34). Најголем дел од нив се од Скопје (4).

-Во однос на возраста, регистрирани се 13 починати од возрасната група над 60 години и по еден починат од возрасната група од 40 до 49 години и 50 до 59 години, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Во текот на минатата недела со статус „оздравени” се стекнале 1.772 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 26,2 отсто помалку споредено со минатата недела. Вкупно се пријавени 309 реинфекции, со зголемување од 15,7 отсто во однос на претходната недела.

Претходна вестЗеленски подготвен за средба со Путин, Кремљ смета дека нема основа за тоа
Следна вестДали грижата за градот се вбројува меѓу важните идентитетски прашања?