Едно лице починато и 86 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Во изминатово деноноќие направени се 1.167 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи на Ковид -19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 65, Битола – 4, Прилеп – 3, Гостивар, Штип, Ресен и Берово – по 2, Кавадарци, Велес, Охрид, Струмица, Кочани и Крива Паланка – по 1. Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 18 реинфекции.

Регистрирани се 87 оздравени пациенти од: Скопје – 58, Битола – 8, Кавадарци – 6, Охрид – 4, Гостивар, Кочани, Струга и Гевгелија – по 2, Ресен, Радовиш и Демир Хисар – по 1.

– Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Демир Капија (74г), починато во болнички услови. Лицето е починато на 29.04.2022 година, се наведува во инфорамцијата.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.199, бројот на оздравени пациенти е 301.361, на починати е 9.297, а бројот на активни случаи изнесува 541.

Претходна вестПросечната плата во март стаса до 31.080 денари
Следна вестСончево и топло, со слаб променлив ветер